Владата на СДС продолжува да ја скандализира македонската јавност. Заев во владата собра лица од целиот регион фатени во извршување на кривично дело и мисли на тој начин да ја води државата.
Зоран Башановиќ е новиот специјален економски советник на Зоран Заев, кој во итна постапка доби македонско државјанство, а е човек кој зад себе има досие на човек апсен за кражби во САД.
Башановиќ е класичен клептоман, тоа го потврдува фактот што тој како познат бизнисмен, естраден менаџер и сопственик на телевизија, се впуштил себе си во кражба на ќебиња во Флорида, во вредност од 1.050 долари.
Во случајот на Башановиќ е повеќе од јасно дека не станува збор за кражба од сиромаштија, туку класична клептоманија и нагон за кражба.
Јавноста се прашува во што тоа Башановиќ ќе го советува Заев? Дали можеби Заев е импресиониран од неговите способности и фат, па мисли дека токму тој е вистинскиот човек кој ќе го советува како треба да работи.
Заев со поставувањето на ликови како Башановиќ упатува јасна порака до јавноста како планира да работи идната Влада.
Граѓаните на Република Македонија сакаат нивната влада чесно да работи за нивно добро, а не да мисли како од нив нешто да украде. Заев и СДС заради ваквата неодговорност и неспособност ќе се соочат со политичка одговорност на следните локални избори и ќе бидат целосно делегитимирани од страна на граѓаните.