Раководството на Борусија Дортмунд потврди дека ја одбило понудата на Барселона за купување на Усман Дембеле.
Оваа информација е објавена на официјалната интернет-страница на „милионерите“ и германскиот клуб со тоа стави точка на бројните шпекулации за иднината на неговиот талентиран напаѓач.
Од Дортмунд потврдија дека контактирале со претставниците на Барселона, но дека понудата на клубот од стадионот „Камп ноу“ не била соодветна и дека разговорите биле прекинати. Претходно беше објавено дека Борусија за Дембеле бара 150 милиони евра.
Дваесетгодишниот Французин вчера не се појави на тренингот, а спортскиот директор Михаел Цорк најави казна за младиот играч.
„Дембеле од непознати причини не беше на тренингот. Очигледно е дека овој играч намерно го направил овој чекор. Тоа е неприфатливо и ние, секако, ќе примениме санкции кон него. Покрај тоа, Дембеле привремено ќе биде исклучен од процесот на тренирање“, изјави Цорк.