Килијан Мбапе, напаѓачот на Монако, стана играч на ПСЖ, тврди „Марка“ од Мадрид, а клубот од Кнежевството демантира.

Според нивните сознанија, челниците на клубовите ги договориле сите детали на трансферот, кој ќе биде официјализиран во понеделник. Мбапе ќе потпише договор на пет години.

Клубот од Париз за еден од најталентираните фудбалери на светот ќе плати 160 милиони евра, плус бонуси кои може да ја достигнат бројката од 20 милиони евра.

За 18-годишниот Мбапе голем интерес покажа Реал Мадрид и играчот беше подготвен да отиде на „Сантијаго Бернабеу“, но многу подобрите финансиски услови влијаеле на тоа да се одлучи да остане во Франција.

Од Монако експресно ја демантираа оваа информација и изјавија дека не стигнала понуда од ПСЖ и дека не се во преговори со „светците“. ПСЖ неодамна го ангажира Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2017 11:23