За неполни три месеци од владата на СДС излезе на виделина нивната неспособност и негрижа за проблемите и потребите на граѓаните.

Поради несериозноста на Заев и Николовски изгоре над 2.5 илјади хектари шума или опожарена е дрвна маса од околу 12 илјади кубици.

Во Република Македонија активни се 15 пожари, а министерот Николовски единствени мерки што ги презема е да се намачка со крема со повисок фактор за да не изгори на августовското сонце на луксузните плажи. Конкретни мерки за справување со огнената стихија нема.

Неспособната влада на Заев дозволи пожарите низ државата неконтролирано да се шират и да ги загрозуваат животите, куќите и имотот на граѓаните.

Доколку пожарите биле подметнати, зошто досега надлежните институции не открија сторител или пак посочија ефективни мерки кои ќе превенираат ново подметнување на пожари.

Граѓаните бараат неспособниот министер наместо да шета по странство и да ужива, да се огласи на нивните повици и да преземе соодветни мерки.

Поради ваквото несовесно работење, неспособност да се справат со предизвиците и да ги решат проблемите на граѓаните, на 15-ти октомври СДС ќе се соочи со политичка одговорност и ќе биде делигитимиран од народот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2017 11:51