По тоталната партизација која ја вршат на сите нивоа во администрацијата, Заев сега со пари на граѓаните ќе плаќа и сомнителни ликови без морален кредибилитет кои си ги ангажира за советници.
Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ или од скоро нов специјалниот економски советник на Зоран Заев, е човек познат по правење матни зделки, човек со сомнително минато и дебело криминално досие.
Единствено нешто по кое и е познат на јавноста Зоран Башановиќ се низата скандали за кои пишуваа порталите во регионот.
Башановиќ како познат менаџер и бизнизмен е фатен како се впуштил во кражба на ќебиња во Флорида во вредност од 5000 долари, за што и бил уапсен од тамошните власти.
Останува нејасно за што ќе го советувааат Зоран Заев вакви клептомански ликови и какви економски совети ќе му даваат?
Дали спрегата Башановиќ- Обрадовиќ на Заев треба да му донесе уште еден ,,бомбона бизнис” со продажбата на ЕЛЕМ?
Зоран Заев откако го состави економскиот дрим тим на владата на СДС,со Мерко, Шапуриќ, Кахил и Самка Ибраимовски, дополнително реши да го засили својот тим со нов надворешен економски советник како што е клептоманот Зоран Башановиќ.
Ваквите погубни економски политики кои ги СДС ги спроведува во изминатиот период со поставување на контраверзни личности за економски советници како што е Башановиќ, во изминатите 70 дена на Република Македонија и донесоа нула нови странски инвестиции и не генерираа ниту едно ново работно место.
Со поставувањето на ликови како Башановиќ,се отвора сомнеж во јавноста дали новата влада ќе работи на подобрување на економската состојба на граѓаните и зголемување на нивниот стандард или ќе работи на подобрувањето на економското порфолио на корпорациско- партиски фирми, блиски до СДС.
Граѓаните на Република Македонија сакаат нивната влада чесно да работи за нивно добро и да не да мислат дали некој од нив нешто да украде. Заев и СДС заради ваквата неодговорност и неспособност ќе се соочат со политичка одговорност на следните локални избори и ќе бидат целосно делегитимирани од страна на граѓаните.