На лагата и се кратки нозете и тоа уште еднаш се покажа како вистина во првите месеци на работа на Владата на СДС. СДС во предизборието ветуваше департизација на институциите и професионални кадри, а наместо тоа добивме партиски војници,соросоиди, платеници револуционери и неадекватни кадри за директори на државни институции.

Капацитетот на 67 институции ќе биде сведен на нула поради бруталната партизација на институциите која ја спроведува владата на СДС. Тие уште еднаш потврдија дека едно зборат, а друго прават кога ќе дојдат на власт. Сонот на Курто Дудуш со кој партиската книшка на СДСМ ќе стане втора лична карта во Македонија полека, но сигурно станува реалност во Македонија на штета на сите граѓани на Република Македонија.

Граѓаните ќе ја плаќаат цената за партизацијата на институциите. Наместо професионална услуга и институции кои им служат на граѓаните тие ќе добијаат институции кои му служат на Зоран Заев, СДС и оние со члеснка книшка од СДС.

Додека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за просечна плата од 30 илјади денари и минимална плата од 16 илјади денари како и плата од 100 илјади денари за докторите, СДС го плаќа цехот кон шарената револуција, невладините организации и партиските потрчковци.

Борјанчо Мицевски, Александар Донев, Александар Младеновски, Џељо Хоџиќ револуционата реторика ја заменија за директорска фотеља во државните институции на грб на граѓаните. Квази револуционерот Александар Младеновски во една фамозна изјава каде се повикуваше на максимата ,,Еден за сите, сите за Еден’’ најверојатно мислел ,,Еден за сите, сите за фотеља. Понатаму во својата изјава вели ,,Од утре ќе го блокираме Скопје се додека не се исполнат сите нашите барања’’, веројатно мислел дека ќе протестира се додека не добие директоска фотеља.

Најтрагично од се е што платеничките револуционери кои одработуѕваат за Заев, сега Заев ќе си ги исплаќа со пари на граѓаните.

Македонскиот народ е умен и лесно препознава која лаже а кој ја говори вистината. Македонскиот народ знае да ја казни неспособноста и непрофесионалноста на секој еден македонски политичар. Македонскиот народ ја препозна уште на самиот почеток платеничката револуција на СДС и ги казни со пораз на парламентарните избори на 11-ти Декември.

Па така граѓаните набрзо на локалните избори на 15-ти октомври повторно ќе ја казни владата на СДС за нејзината неспособност и брутална партизација на институциите и откако целосно ќе ја делегитимира, и предвремените парламентарни избори ќе бидат неизбежни. На предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи и набргу ќе се врати професионалноста во македонските институции како и напредокот на целата земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2017 12:13