Денес во Собранието на Република Македонија поднесуваме интерпелација за работата на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека со доаѓањето на Роберт Алаѓозовски на финкцијата Министер за култура, оваа област во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допре дното.

Под итно мора да запре неоварваризмот кој што секојдневно го шири Алаѓозовски со што нанесува огромна штета на угледот на Република Македонија на културен план.

Во изминатиот период наместо унапредување на културата и културниот развој на Република Македонија за многу кратко време и веднаш откако беше назначен од страна на СДСМ, Роберт Алаѓозовски имаме тренд на уназадување на културата и културниот развој, преку превземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци во нашата држава, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата и многу други активности кои водат во таа насока.

Токму во овие изминати неколку месеци од формирањето на новата Влада на СДСМ, од страна на министерот Алѓозовски сведоци сме на незаконско разрешување на професионалци во институциите од областа на културата и вдомување на партиските послушници во Министерството за култура. Поднесување на измени на Законот за култура во насока на вршење класична селекција и дискриминација на еден дел од уметници кои ќе продолжат да зимаат развојна национална пенизија, а на останатите во иднина да им се фиксира националната пензија до ограничен износ, без притоа да се слушне мислењето на културната фела што мисли за оваа неправда која се нанесува врз сите нив и без дебата. Враќање на апосолутната моќ на министерот Алаѓозовски во одлучувањето во културата, скандалозниот ребаланс на Буџетот со кој во културата се скратија 4.5 милиони евра за проекти од областа на културата, како и иницијативата која е доставена до Собранието на Република Македонија за укинување на Законот за национален уметник, се само дел од крајно непрофесионалното работење на овој министер.

Мораме да потенцираме дека ребалансот на Буџетот и кратењето на средствата во културата се најеклатантен пример за тоа колку Владата на СДСМ и министерот Алаѓозовски немаат никакво чувство на припадност, никакво чувство за култура и за културните и уметничките вредности, за нашето непроценливо културно наследство кое го поседуваме и кое е еден од главните атрибути за препознатливост на Република Македонија.

Министерот Роберт Алаѓозовски од самиот почеток на неговото работење во ресорот наместо да започне да работи во интерес на културата и културните работници, се фрли на политички пресметки и незаконски разрешувања на раководни лица во институциите од областа на културата, разрешувања кои ќе донесат до оштетување на Буџетот на Република Македонија, само и само поради самоволието на министерот Алаѓозовски без да биде испочитувана законски пропишаната процедура.

Една од првите одлуки како министер му беше да скрати 30 милиони денари и да запрат археолошките истражувања на кои во минатите 11 години работеле повеќе од 20 илјади стручни лица, професори и археолози кој повеќе од 10 години посветено работеа со единствена цел да го документираат развојот на повеќе милениумската цивилизација на овие простори со што ќе се остави вредно сведоштво за идните генерации.

Не се кратени пари само од археолошките истражувања. Добар дел од 4,5 милиони евра кои културата ги изгуби благодарение на Алаѓозовски беа предвидени и за филмски проекти. Скратени се 30 милиони денари за филмска дејност или дури половина од Буџетот предвиден за финансирање филмски проекти на конкурс за Агенцијата за филм.

Дополнително, советниците кои ги назначи Алаѓозовски се посебна приказна. Во напливот на неоварваризам Алаѓозовски формира совети, работни групи и назначува советници без компетенции и со биографии кои се единствено богати со закани, омраза, бес, гнев и фрустрации кои ги артикулирале со бројните најави дека ќе ги рушат, минираат и уништат спомениците на културата, на македонската историја и херои, само затоа што не ги изградиле нивните идеолошки татковци, туку Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Овој неоварваризам е консеквентен на неговата улична претходница, испоставата на СДСМ наречена шарена платеничка револуција, во која учествуваа речиси сите новоназначени советници на Алаѓозовски и која се занимаваше со сквернавење и уништување на спомениците на македонската историја.

Алаѓозовски со доставените измени на Законот за култура донесе одлуката за централизација на одлучувањето во културата. Ги укина менаџерските договори на раководителите на институции со кои на професионалците им беше дадена отворена можност во рамките на својот професионализам, искуство, знаење и кредибилитет да носат одлуки за работењето на институциите.

Алаѓозовски ги скрати средствата за реконструкција на новата Универзална сала во Скопје, која консензуално е прифатена како потребна и од стручната и од пошироката јавност. Нема повеќе средства за изградба на новиот објект на Охридскиот театар. Сите средства кои беа обезбедени во Буџетот за изградбата на Струмичкиот театар, и кој се планираше да биде отворен до крајот на оваа година се скратени. Под знак прашалник е ставена и изградбата на новиот објект за Драмски театар во Скопје. Ова е политиката на Роберт Алаѓозовски и СДСМ, ова е нивниот однос кон културата.

Покрај оваа голема поделба и дискриминација помеѓу уметниците, донесе одлука и да го укине Законот за национален уметник, со што го укина правото на идните уметници да не бидат во можност да се здобијаат со оваа најголема титула во нашата држава. Нема пари за заслужните уметници, но има пари за партизација на културата.

Затоа сметаме дека Роберт Алаѓозовски треба што поскоро да си замине од позиција Министер за култура, и на негово место да дојде искрена и чесна личност со изграден однос, кредибилитет и грижа кон културното и историското наследство, со почит кон сите уметници, културни работници, личност која ќе се залага за подобар статус и подобри услови за уметниците, и ќе се грижи за промоција и презентација на културата и уметноста на нашата држава во домашни , меѓународни и светски рамки. Личност како Роберт Алаѓозовски не смее повторно да му се повтори на Минситерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2017 12:59