Пожарите секојдневно уништуваат илјадници хектари шума, а министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство размислува со кој фактор на крема за сонце да се намачка за да не изгори. Огнената стихија уништува домови и имоти, се заканува на манастири, а надлежниот министер на СДС од плажа, на лежалка конзумира коктели и пишува постови на социјалните мрежи.
Неспособната и неодговорноста на владата на СДС граѓаните ја гледаат секојдневно во незнаењето и немањето капацитет навремено да се справи со пожарите кои прераснаа во вистинска еколошка катастрофа и уништија илјадници хектари шума, а десетина куќи беа изгорени и беше загубен еден човечки живот.
Хаосот што го предизвикува СДС достигнува неочекувани размери.
Неодговорниот Заев и неговите партиски послушници не можат да локализираат еден пожар. Неспособниот Заев и СДС не може ни да ги откријат виновниците за подметнувањето на овие пожари.
Пожарите горат, а владата на СДС не покажува грам грижа за граѓаните.
Додека цела Македонија гори, а граѓаните молат за помош, Заев мува не го лази.
Неажурноста на Заев и СДС веќе ги поминува сите граници. Луѓето се очајни зошто се чувствуваат измамени, нивните проблеми никој од власта не сака да ги ислуша, оставени се сами на себе да се борат со пожарите, додека пратениците на СДС бегаат од собраниска дебата и не сакаат да слушнат совети за поефикасно справување со настанатите пожари.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до СДС и Заев да се вразумат и конечно да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните. Да не заборават дека фотелјите не се за да ги штитат сопствените интереси, туку интересите и потребите на граѓаните.
СДС многу брзо ќе сноси политичка одговорност, на локалните избори народот ќе му ја испрати пораката на незадоволство од неспособниот премиер Заев, кој ќе биде поразен и делегитимиран.