До само пред некој месец СДС, нивните квазианалитичари и нивните медиуми зборуваа за презадолженост на државата, а сега кога безмалку на неделна основа се задолжува државата со десетици милиони евра, молчат.
Тоа говори за нивното лицемерие.
Никаде ги нема збор да изустат за нивниот министер за задолжување, Драган Тевдовски кој само за 70 дена успеа да ја задолжи државата за 101 милион евра само по основ на аукции на државни хартии од вредност. Бидејќи ги нема да направат математики, ние денес ќе ви презентираме како тоа изгледа.
Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на дневно ниво ја задолжи државата за речиси 1.5 милиони евра.
Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на на секој час ја задолжува државата за речиси 62.500 евра.
Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност секоја минута ја задолжува државата за речиси 1.050 евра.
За само 70 дена министерот за кратење и задолжување Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3.100 денари, односно 50 евра.
Ако на ова ги додадете 126 милиони евра стопени девизни резерви и планираните дополнителни 150 милиони евра нови долгови, тогаш бројките ќе бидат фрапатни.
Зар ова македонските граѓани заслужуваат? СДС во предизборниот период ветуваше кули и градови, но ние само добивме задолжување за кое патем нема никакво ни објаснување, за тоа каде парите ќе се трошат. Дали тие пари се предвидени за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, или плата од 100.000 денари за докторите.
Или пак парите ќе завршат за луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросоидните војници.
Неодговорноста, неспособноста и негрижата на СДС за граѓаните и државата, народот многу скапо ќе ја плати. Потенцираме дека овие застрашувачки бројки кои прозлегуваат од бруталното задолжување кое го прави СДС се однесуваат за досегашниот период и веројатно ќе бидат зголемени за многу кратко време. Доаѓа нова работна недела во министерството за задолжување и најверојатно ќе има и нова тура аукции на државни хартии од вредност во износ од десетици милиони евра.