Преку 11 годишното коруптивно и криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ изврши егзодус во здравството, го погази достоинството на лекарите и пациентите и направи хаос во здравствениот систем. Поради коруптивните политики на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството, стотици лекари заминаа од државата, здравствените установи работеа во долгови и без соодветна опрема, пациентите беа понижувани, а здравствениот систем со години беше еден од најлошите во Европа.
За разлика од таквото несовесно раководење, Владата предвoдена од СДСМ се фокусира на унапредување на правата на пациентите, подобрување на условите за работа на лекарите и медицинскиот персонал и осовременување на здравствениот систем.
Според официјалните информации од Министерството за здравство, случајот за кој денеска обвинува ВМРО-ДПМНЕ досега не е пријавен ниту регистриран ниту во Министерството, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Надлежните институции треба до крај да го расветлат случајот, а ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со ширењето паника и вонземиреност.