Одговорност мора да има и ќе има! Оливер Спасовски, најмалку што може да стори во случај кога од него раководената полиција пука во деца е да си даде оставка од морални причини.
Едно 16 годишно момче се уште се наоѓа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување каде се бори за живот, а второ 17 годишно момче закрепнува од хируршката интервенција во струмичката болница.
Двете момчиња се жртви на бруталното и непрофесионално однесување на струмичката полиција. Во децата пукаше струмичката полиција која ја води началникот Танчо Пројковски, кадар на Оливер Спасовски. Без раководно искуство, без соодветно образование Пројковски е поставен само за да дели решенија и да ја партизира полицијата. Затоа е хаосот. Затоа се доведени во опасност човечките животи.
Трет ден поминува без трага и глас од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Нема ни жалење, нема ни сочувство до родителите. Нема ни смена на началникот, ниту оставка од морални причини. Два човечки животи се малку за Оливер Спасовски. За него е поважно неиспрано возило. Тогаш тој ги повикува медиумите под контрола на СДС/Сорос и прави спектакл.
Тоа што ќе загинеа две млади момчиња од пукањето на струмичката полиција во нив за Оливер Спасовски не е настан. За него е поважно да си го мине денот на сплав, со музика и скапи пијалоци.
Неспособноста на Спасовски да раководи со министерството за внатрешни работи излезе на виделина.
Спасовски и Заев работат исклучиво на сопствените интереси и на интересите на неколкумина партиски војници на СДС, а на штета на безбедноста на граѓаните.
Ставени се во прашање безбедноста и сигурноста на граѓаните. Овој пат се во прашање два животи. Следниот пат, никој не знае колку.
Граѓаните се револтирани поради неизвесноста во која што ја втурнуваат целата држава неспособниот Спасовски и неговиот шеф Заев.
Граѓаните бараат одговорност за случувањата кој од ден на ден се повеќе ги загρижуваат.
Одговорност мора да има и ќе има.