Контроверзниот струшки бизнисмен Дилавер Бојку – Леку денеска попладне е застрелан на плажата „Аква скај“, потврдија за „Мета“ извори од истрагата.

Непознато лице во 16.45 часот денеска го застрелало Бојку во главата, по што избегал. Бизнисменот веднаш е пренесен во струшката болница, но, според информациите, тој им подлегнал на повредите.

Од МВР засега нема официјална потврда на настанот, а во тек е истрага која треба да открие кој е напаѓачот и кои биле мотивите, но сепак низ медиумите се шпекулира дека мотивот е крвна одмазда.

Бојку пред 15 години го доби прекарот „кралот на проституцијата“, а од пред неколку години, по враќањето во Македонија се вклучи во угостителскиот бизнис, земајќи ја под концесија струшката плажа „Аква скај“



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2017 19:05