СДС врши вистински масакар во културата и културните установи, немилосрдно уништувајќи ги симболите на Македонија како што е институцијата „Танец“.

Алаѓозовски е поим за неспособност и деструкција. Тој е целосно неспособен и незаинтересиран за развојот на културата која секојдневно ја разорува.

Поставувањето на Стојанче Павловски за в.д. директор на Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец” е уште еден доказ за хаосот и партизацијата што ги создава СДС.

Павловски е човек со завршено средно градежно образование, кој е поставен само затоа што е политички подобен за Заев и Алаѓозовски. Неговото именување покажува колкав е интересот на СДС и Алаѓозовски за македоноската култура и оваа државна институција која е најголем репрезент на Република Македонија во странство.

Павловски, како кадар на СДС кој има завршено само средно градежно училиште, доаѓа на местото на Зоран Џорлев, докажан уметник, професионалец и афирматор на македонската култура, фолклор и музика. Граѓаните го гледаат и се срамат од разорувањето на институциите од страна на СДС. Граѓаните ја гледаат разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашите кадри и дилетантите на СДС.

Почитувани зарем не е срамен ваквиот однос на СДС кон оваа установа?

Граѓаните се доволно мудри за да оценат која е разликата во односот спрема културата на СДС во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно е дека СДС нема баш никаква намера за афирмација на македонската култура и традиција. СДС единствено се грижи за спроведување на партизацијата и депрофесионализацијата на сите институции. Ниту граѓаните, ниту државата им се на прво место. Ниту некогаш им биле.

СДС си поигрува со ансамблот „Танец“, кој е една од најстарите институции од ваков вид во Република Македонија, а дефинитивно најнаградувана, и одликувана со разни награди во земјата и странство. Со ваквите свои чекори на делување очигледно е дека СДС сака да ја партизира секоја пора на општеството.

Го прашуваме СДС дали е вистина дека новоименуваниот в.д. директор со самото поставување на позицијата барал списоци за вработените кои добиле решенија изминативе 10 години? Оттука го прашуваме кому и за што му се ваквите списоци?

„Танец“ е културна установа од највисок ранг и не смее да биде жртва на умоболните политики на СДС. „Танец“ е формиран далечната 1949 година и од тогаш до денес истиот претставува амбасадор на македонскиот фолклор. Примарната цел за постоење на ансамблот е да се одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор, што успешно го прави веќе 6 децении благодарение на стручниот и посветен кадар.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период сериозно инвестираше во оваа установа, а на вработените им ги зголеми платите.

СДС си поигрува со институцијата која имала над 4.500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи. Ансамблот „Танец“ во текот на годините се закитил и со голем број на државни награди, како: „11-ти Октомври“, „Климент Охридски“, наградата од градот Скопје „13-ти Ноември“ како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Република Македонија.

СДС со партизацијата која упорно ја спроведува во сите институции, ја загрозува оваа институција која е промотор на македонската култура и традиција во светот.

Заρади ваквата неодговорност, негρижа и неспособност на владата на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност на претстојните локални избори, кога граѓаните ќе кажат што мислат за погубните политики на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2017 11:12