Четири дена не се доволни за да се заборави крвавиот инцидент во кој што полицијата раководена од Спасовски застрела две млади момчиња.

Не се доволни ни 4 години, ни 40 години. Овие момчиња ќе успеат да се изборат со повредите кои им ги нанесе полицијата раководена од Спасовски. Ниту тие, ниту нивните родители, ниту нивните пријатели некогаш ќе го заборават неодговорниот однос на Спасовски.

Сите видоа дека за него е поважно да организира прес конференција за извалкано возило, отколку да изрази жалење и да се извини на двете момчиња и нивните семејства затоа што полицијата под негова контрола пукаше во нив.

Залудно Оливер Спасовски се надева дека крвавиот инцидент ќе се заборави и ќе биде покриен со други брутални убиства во земјава.

Одговорност мора да има и ќе има. Спасовсκи најмалку што може да стори е да си поднесе оставκа од моρални пρичини.

Се прашал ли Спасовски како им е на родителите и роднините на момчињата? Се обидел ли да ги побара? Нема одговор на овие прашања, бидејќи стилот на СДС е дека вакви прашања не заслужуваат одговор. Башка од скап ручек на сплав во Свети Наум, тешко е да се одговара на вакви непријатни прашања.

Тоа е лицемерието на неспособниот и неодговорниот министер кој сеκојдневно влегува од скандал во скандал. Тоа е лицемерието на неговата партија. Човечките животи ги множат со нула.

Спасовски и Заев се најголемите виновници за полициската бруталност и непрофесионалност.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/08/2017 11:26