Кој е квалитетот на Стојанче Павловски за да биде поставен за прв човек на Националниот Ансамбл за народни песни и игри „Танец“?

Која е програмата со која што Стојанче Павловски се издвоил од останатите кандидати за директор на Танец? Која е неговата визија за ансамблот?

Која е дополнителната вредност на Павловски кој има завршено средно градежно за да биде поставен на ваква функција?

Во што е тој подобар од маестро Зоран Џорлев, познат македонски виолинист, вокален изведувач и професор кој досега ја вршеше функцијата директор на Танец.

СДС молчи затоа што нема одговор на овие прашања. Одговорот на овие прашања е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. ВМРО-ДПМНЕ поставуваше искусни и компетентни кадри, со визија и со знаење како да ги реализираат проектите, а СДС поставува неспособни партиски послушници кои не можат да придонесат за државата и граѓаните и чие именување се врши само од една причина. Со народни пари да се задоволуваат апетитите на партиските послушници.

Алаѓозовски и СДС се варвари на културата. СДС врши вистински масакар врз културата и културните установи. СДС го партизира и депрофесионализира најголемиот репрезент на македонската култура во светот, Националниот Ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

Со поставувањето на Стојанче Павловски, човек со завршено средно градежно образование за директор на „Танец“, СДС покажува дека унапредувањето и развојот на културата не им се приоритет, туку на културaта гледаат како на уште едно министерство кое треба да се наполни со партиски потрчковци и целосно да се партизира.

Со поставувањето на партискиот послушник Павловски за прв човек на „Танец“, СДС покажува дека не се колеба во целосната партизација на општеството.

СДС врши вистинска деструкција на Националниот Ансамбл „Танец“ што ќе има несогледливи последици по репутацијата на истиот низ светот, но и понатамошниот опстанок на истиот.

Алаѓозовски и СДС ја потценуваат оваа установа која е најголем промотор на македонската култура повеќе од 6 децении, која има одржано повеќе од 4.500 концерти пред околу 8 милиони гледачи.

За безобразниот и игнорантски однос на СДС кон културата граѓаните жестоко ќе ги казнат на претстојните локални избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/08/2017 14:06