Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ги исклучија профилите на екстремните десничари кои учествуваа во инцидентите во Шарлотсвил, во кои загина една жена.

Портпаролката на Фејсбук Рачика Будраја изјави дека профилот на Кристофер Кантвел, еден од учесниците, е отстранет.

Фејсбук укина и уште најмалку осум страница поврзани со движењето на Кантвел, за кои Будраја наведе дека ја кршат политиката на компанијата против говор на омраза.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2017 16:18