Лидерот на австралиската екстремно десничарска партија „Една нација“ (One Nation), сенаторката Полин Хансон, во текот на седницата на на националниот Сенат облече и носеше бурка, јави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Таа тоа го сторила со желба да покаже дека носењето таква облека, како верско обележје, носи безбедносни ризици и дека треба да биде забрането.
Државниот обвинител и министер во австралиската Влада, Џорџ Брендис, го осуди ваквиот потег на Хансен, упатувајќи и „совет и предупредување“ дека со тоа ги навредува верските групи.
Неговиот коментар, како што наведе Би-Би-Си, наиде на аплауз од опозицијата.
-Не, сенаторке Хансон, нема да ја забраниме бурката, додаде Брендис.
Сенаторката Хансон во соопштение наведе дека „потребата од забрана на целосното покривање на лицето во јавноста е важно прашање со кое е соочена модерна Австралија“.
За нејизното залагање да се забрани носењето бурка денеска попладне ќе се расправа во Сенатот.