Каде отидоа парите од девизните резерви? Ова прашање тежи над 126 милиони евра.
СДС ја третира државната каса како бунар без дно! Парите на граѓаните испаруваат и исчезнуваат секој ден. Министерот за задолжување Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви.
СДС секој ден ја задолжува Република Македонија. Се распишуваат аукции за државни хартии од вредност, а парите потоа волшебниците од СДС се трудат да ги снема.
Само по овој основ министерот за задолжување Тевдовски има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра.
Вкупно, волшебниците од СДС успеаја да направат да исчезнат 171 милион евра.
Владата на СДС пред два дена државата ја задолжи за нови 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра.
Министерот за задолжување Драган Тевдовски, само по основ на државни хартии од вредност на дневно ниво ја задолжува државата за речиси 1.933.333 евра. По основ на државни хартии од вредност на секој час државата се задолжува за речиси 80.555 евра, односно секоја минута се задолжува за речиси 1.342 евра.
Граѓаните на Република Македонија не сакаат со трикови и магија на волшебниците од СДС да ги снемува нивните пари. Граѓаните не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на волшебниците од СДС и нивните асистенти од Сорос и платеничката шарена револуција.
Заради неработата, непосветеноста и негрижата, СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност.