ВМРО-ДПМНЕ , партијата што 11 години расипнички и некотролирано ги задолжуваше граѓаните за остварување на криминални интереси, не може да се помири со фактот што Владата предводена од СДСМ работи домаќински, отчетно и во интерес на граѓаните.

Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви, ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и доспеаните рати за стари долгови. Преку одговорно и транспарентно работење, Владата предводена од СДСМ го исплати долгот кон Дојче Банка во висина од 77,3 милиони евра, а јавниот долг го намали за 31,4 милиони евра во однос на првиот квартал.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со очигледната разлика во управувањето со државните пари. За разлика од расипничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите од скапите и неконтролирани задолжувања се трошеа на криминални тендери, палми, барок и споменици, денес, парите на граѓаните се користат за повисока минимална плата, за решавање на статусот на стечајните работници, за нови работни места и поголема помош кон домашните претпријатија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2017 18:10