Неспособниот Алаѓозовски се изживува со културата и културните установи. Националниот Ансамбл „Танец“ е жртва на грубата партизација и депрофесионализација која СДС систематски ја спроведува.

Варваринот Алаѓозовски го разреши Маестро Зоран Џорлев, од директорското место во „Танец“. Го разреши познатиот македонски виолинист, изведувач и професор, за на негово место да го постави Стојанче Павловски, градежен среднист, чиј единствен квалитет и заслуга е тоа што е партиски потрчко на СДС.

Три дена откако некомпетентниот Стојанче Павловски е поставен за директор на „Танец“, не стивнуваат реакциите. Граѓаните се револтирани од односот на СДС и Алаѓозовски кон „Танец“, установа која повеќе од 6 децении ја промовира македонската култура, традиција и фолклор секаде низ светот.

СДС нанесе голем удар врз Националниот Ансамбл „Танец“ од несогледливи последици по репутацијата на истиот во земјата и странство. СДС си поигра со повеќе од 6 децениското творештво на „Танец“ и во еден миг го изедначи најголемиот македонски културен промотор со столарска работилница.

Алаѓозовски за штетата која и ја причини на културата во изминативе 77 дена додека е министер за култура треба да сноси одговорност. Тој треба да покаже минимум интегритет како личност и да си поднесе оставка. Тоа е единствено безболно решение за македонската култура, која доколку остане во негови раце осудена е на стагнација и уназадување. Не може да е виновен Дарко Лешоски што нема капацитет да ги води Струшките вечери на поезијата. Главната вина е во Алаѓозовски што си игра со пари на граѓаните и репутацијата на институциите.

Стојанче Павловски, кој како партиски пајташ дојде на местото на Маестро Зоран Џорлев, треба веднаш без одлагање да го следи примерот на Дарко Лешоски, и да си поднесе оставка на позицијата за која не е компетентен.

СДС и Алаѓозовски наместо се соочат со последиците од своето неодговорно однесување, молчат и се надеваат дека граѓаните ќе заборават на ваквиот безобразен и деструктивен однос кон културата. СДС и Алаѓозовски ќе сносат политичка одговорност за провалијата во која ја што ја туркаат културата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2017 18:17