Со разрешувањето на Марко Зврлевски, пропадна последниот обид на Државната комисија за спречување на корупција да го заштити криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да спречува корупција, криминал и злоупотреби, Комисијата во изминатите години работеше селективно, непрофесионално и исклучиво во заштита на криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ со што стана соучесник во криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Преку селективно постапување, преку криење на имотни листови на Никола Груевски и соработниците, преку игнорирање и отфрлање на пријави против функционери од ВМРО-ДПМНЕ и преку сегашниот претседател кој бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ, Државната комисија за спречување корупција докажа дека работи под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и во заштита на криминалот во нивните редови.
Досегашната работа на Државната комисија за спречување на корупцијата е доказ за тоа колкав е степенот на партизација и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ја докажува потребата од ослободување и професионализација на државните институции. Затоа, особено важно е да продолжи процесот на реформи и ослободување на институциите кои наместо за лични и партиски интереси, ќе работат во интерес на граѓаните и државата.