Македонија на последните парламентарни избори гласаше за промени, гласаше за правда, гласаше за правичност, гласаше за систем во кој што сите ќе бидеме еднакви пред законот.Тие промени се случуваат независно од тоа што раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ до последен здив се обидуваат да ги спречат, со единствена цел токму тоа партиско раководство да не одговара за криминалите што ги има направено во еднодецениското владеење.

Разрешувањето на Марко Зврлевски го означува почетокот на реформите во судството, кои што ќе донесат правда и правичност за сите.Ова е прв чекор кон создавање независен и професионален судски систем, наспроти селективната правда и монтираните судски процеси што ги инсталираше раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Реформите во судството, што се предвидени со Акцискиот план 3 - 6 – 9, ќе обезбедат правосуден систем кој ќе биде еднаков и правичен за сите.

Македонија конечно повторно ќе се врати во друштвото на демократските земји каде што владеат законите и правото. Нема веќе „сваровски“ судии, нема веќе кривични процеси по нарачка, нема веќе закани, нема веќе сеење страв.Во Македонија почнува да владее правдата. Во Македонија почнува процесот за враќање на правдата и правичноста, но и на одговорноста за секое сторено кривично дело, за секоја сторена неправда, за секоја сторена измама. Правдата е можеби бавна, но во Македонија пристигнува.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2017 19:04