Неспособната влада предводена од СДС продолжува со поставување на нестручни и некомпетентни кадри на раководни функции по институциите низ државата. СДС продолжува со политичка чистка на сите професионалци кои не се согласуваат со нивната политика.

Само неколку дена откако Дејан Јовановски беше именуван за член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, владата на СДС го разреши од функцијата директор на Спортската академија, а на негово место назначи професор по историја. Па така спортската академија наместо докажан спортист ќе ја води Владимир Лазаревски професор по историја.

Замислете, професор по историја, ќе ја води Спортската академија.

Го прашуваме Зоран Заев какво спортско достигнување има Владимир Лазаревски или дали бил дел од некој спортски клуб?

Со какви искуство во спортот ќе придонесе за развој на оваа академија?

Дејан Јовановски крајно професионално ја вршеше работата како директор на академијата, а позицијата ја доби заради неговото искуство во областа на спортот, односно како поранешен кошаркарски интернационалец и поранешен секретар на Македонската кошаркарска федерација и директор на КК „Работнички“.

Водејќи се по принципот на Заев од „чистачка до директор“ за партизација на институциите, очигледно дека на СДС не му се важни успехот и придонесот во полето на македонскиот спорт, а со тоа и успех и придонес за Македонија како земја. На СДС важно му е само да намести партиски кадри кои не мораат да ги водат институциите на професионално и високо ниво, туку да работат како Зоран Заев ќе нареди.

Крајно несериозно и срамно е Спортската академија наместо докажано лице во областа на спортот да ја води лице кое има нула искуство во спортот.

За безобразното однесување на СДС и хаосот кој планираат да го создадат и во македонскиот спорт ќе следи политичка одговорност и нивните несериозни политики граѓаните ќе ги казнат на престојните локални избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2017 19:13