Неколку луѓе се повредени кога комбе се залетало и удрило во пешаци на плоштадот „Каталуња“ во центарот на Барселона, јавуваат светските медиуми.

Службите за итна помош, апелирале граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот и побарале да бидат затворени трамвајските и метро-страниците.

Извештатите од местото наведуваат дека луѓето се засолнуваат во околните продавници и кафулиња.

Возачот на комбето побегнал од местото, јавуваат дел од шпанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Плоштадот „Каталуња“ е едно од најфрекфентните места во Барселона кое дневно го посетуваат илјадници туристи.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/08/2017 19:18