Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство во Собранието продолжуваат посветено да ја спроведуваат програмата за која што гласаше мнозинството граѓани. Отстранети се сите пречки и наскоро ќе биде донесен Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како ,,Законот за стечајци“ што е уште една клучна мерка од предизборната програма на СДСМ и од Програмата на новата Влада.

Со законското решение ќе бидат опфатени околу 3000 стечајни работници кои ќе добиваат месечен надоместок од 7596 денари за што се обезбедени пари преку ребалансот на Буџетот на Република Македонија за 2017 година.

Со оваа мерка ќе се реши проблемот со статусот на стечајните работници и ќе се исправи долгогодишната неправда кон оваа категорија на граѓани, кои не по своја вина останале без работа и долго време се без никакви приходи.

И покрај сите обиди за блокади, деструктиции и тензии од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да ги остварува дадените ветувања и да ги спроведува реформите што носат повисок животен стандард, нови работни места, независни институции и правда за сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2017 12:06