Крајно лицемерно е СДС да зборува за социјална заштита и грижа за функционирањето на социјалните работници, кога во периодите додека беа на власт со прст не мрднуваа за подобрување на системот на социјална заштита во Република Македонија.
СДС да престане со манипулации и лаги кон стечајците.
СДС остави на улица 200.000 работници. СДС стави клуч на 684 фабрики оставајќи без никаква егзистенција стотици илјади деца. СДС е гробар на македонската економија. Десетици години и требаа на државата да излезе од провалијата во која што ја втурна СДС. Врз грбот на граѓаните се прекршија сите приватизации додека олигарсите на СДС го зголемуваа своето богатство.
СДС мора да чувствува грижа на совест за се лошо што им има сторено на граѓаните. Затоа треба да престане да ги лаже. Мора веднаш да ја крене просечната плата на 30.000 денари, а минималната на 16.000. Докторите треба да добијат 100.000 плата и да се отворат илјадници работни места. Конечно, мора да се изградат новите 600 километри автопат наместо да се блокира изградбата на постојните.