Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија и изјави да шири лажни вести и да ги манипулира граѓаните. Јавноста ја препознава лажната загриженост на ВМРО-ДПМНЕ и ја препознава разликата помеѓу криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на новата Влада.
Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, а пензиите ќе се покачуваат согласно покачувањето на животните трошоци. Секој пензионер, согласно Законот за пензии, секој месец ќе добива по дополнителни 180 денари, односно секој пензионер ќе добие вкупно 2160 денари за цела 2017 година.
Владата предводена од СДСМ никогаш нема да работи спротивно од интересите на граѓаните, ниту пак ќе манипулира со нив како што тоа го правеше и се уште го прави ВМРО-ДПМНЕ. Се остваруваат дадените ветувања и се спроведуваат зацртаните реформи што носат повисоки плати и пензии, нови работни места и унапредување на социјалната заштита.