Преку проектот Млад земјоделец, новата Влада предводена од СДСМ со 10 000 евра неповратни средства им помага на младите регистрирани земјоделци да започнат сопствен бизнис, да го прошират производството и да внесат нови и модерни технологии со што ќе го зголемат производството и конкурентноста на пазарот.

Ова е само една од низата мерки на Владата преку кои се унапредува земјоделството, се помага домашното стопанство, а парите се враќаат назад кај граѓаните, во овој случај директно кај младите.

Ваква мерка постоеше и претходно, но со критериум „прв дојден прв услужен“, па при брзањето да се распределат, парите често не завршуваа кај вистинските земјоделци. Сега, со измените на Програмата за рурален развој што ги донесе Владата предводена од СДСМ, се воведоа нови критериуми со што парите ќе завршат кај вистинските земјоделци. Доделувањето парични средства ќе се одвива отчетно, професионално и неселективно, а не според партиска подобност или неподобност како до сега.

Владата на СДСМ го става граѓанинот, младиот човек во центарот на вниманието, а преку конкретната мерка значително им помага на младите земјоделци да останат да работат тука, во Македонија. Затоа, ги охрабруваме сите лица кои ги исполнуваат критериумите да се пријават на објавениот повик и да ја искористат мерката којашто го унапредува руралниот развој и отвора нови работни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2017 01:19