Мирослав Шиповиќ, Претседателот на Советот на општина Центар на својот фејсбук профил го обвини актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски за криминал тежок 1,5 милиони евра.
Шиповиќ кој е кадар на СДСМ и претседава со Советот на оваа општина пред неколку месеци си поднесе оставка од оваа функција но потоа ја повлече истата, а во медиумите проструи информација дека тоа го направил на барање на Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Но, во текот на вчерашниот ден, Шиповиќ го обвини Андреј Жерновски дека надвор од законските одредби за локалната самоуправа склучил договор за вон судско порамнување во износ од 90 милиони денари кои експресно и во рок од само три месеци биле исплатени на градежна фирма.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме статусот на Мирослав Шиповиќ:
„само уште ова и кој свати, свати. Градоначалникот Андреј Жерновски, со своите пајташи, си направил договор меѓу Општина Центар и Градежна фирма за вонсудско порамнување во износ од 90 милиони денари или 1.5 милиони евриќи и истите на три месечни рати се платени. јас со писмен допис барам да ми го достави договорот на увид БИДЕЈЌИ ИМАМ СЕРИОЗНИ ИНДИЦИИ ДЕКА Е ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. Таков договор мора да биде одобрен од Советот на Општина центар а воопшто не е разгледуван, и Градоначалникот не ми го доставува. ШТО ЛИ КРИЕ? Ама аматер е за мене, јас со 40 години искуство тој со ниедна, ќе откријам се што мувал!“ - напиша на својот фејсбук профил Мирослав Шиповиќ.