Колку ќе ги чини граѓаните ангажманот на Филип Андов викан Сокол? Со колку пари од буџетот Заев ќе си го плаќа новиот советник?

Кога се работи за пари на граѓаните, очигледно за Заев тоа се прашања кои не заслужуваат одговор. Впрочем, не се работи за милионите што ги има. Заев и СДС ценат дека граѓаните имаат пари за фрлање па тој може да си ангажира сомнителни типови.

Дали е точно тоа што го објавуваат медиумите дека Сокол почнал да гради кариера по полициските евиденции уште од 94-та година? Дали е точно дека од тогаш до сега Сокол е пријавуван за „предизвикување на општа опасност“, надриписарство, измама - продолжено кривично дело, фалсификување на исправа, употреба на исправа со невистинита содржина и учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.

Како човек со вакво досие би придонел за граѓаните и државата? Кои се неговите компетенции и квалификации? Дали владините служби го провериле неговото досие или не им е важно каде ќе завршат парите на граѓаните?

СДС и Заев со секој изминат ден од својот мандат со секој изминат ден од своето работење, влегуваат од скандал во скандал. Граѓаните го воочуваат хаосот кој го создаваат неспособните и некомпетентни кадри на СДС и новата влада предводена од Заев.

Медиумите изминативе денови пишуваа дека лицето Филип Андов-Сокол на почетокот на неделата удрил пешак, но останува нејасно зошто МВР и Оливер Спасовски ја кријат сообраќајната незгода.

СДС и Зоран Заев беа во спрега со криминалот пред изборите. Истото го прават и сега кога се на власт. Ваквиот дрзок и безобразен начин на водење на државата граѓаните го чувствуваат секојдневно. Конечниот суд ќе им го дадат на следните локални избори каде жестоко ќе бидат поразени.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2017 15:28