Еднаш лажго секогаш лажго! Заев и СДС го потценуваат и понижуваат народот. Заев мисли дека хаосот и беззаконието што го креираат ќе може да се сокрие преку соопштенија во кои што сите скандали ќе ги прогласи за лажна вест.
Самиот Заев и СДС се потсмеваа и ги прогласуваа за лажни вести информациите дека ќе има парични казни за неупотреба на албанскиот јазик како втор службен јазик, а сега тие одредби ги гледаме впишани во закон!
Заев и СДС лажеа дека имало 500.000 фантоми во избирачкиот список за потоа да лижат онаму каде што плукале.
Тоа е Заев и СДС. Вети денес едно, прави утре друго и надевај се дека граѓаните ќе заборават.
Вистина е дека полицијата раководена од Оливер Спасовски безмислосно ќе убиеше две момчиња. Не е лажна вест дека се вратија мафијашките пресметки, среде бел ден, по улиците низ Македонија и граѓаните се чувствуваат несигурни.
Вистина е дека со лошиот договор со Бугарија ќе се менуваат книгите по историја во Македонија и ќе се мониторираат македонските медиуми.
Вистина е дека Заев плаќа со пари на граѓаните, неспособни и некомпетенти кадри кои почнаа да си даваат и оставки.
Вистина е дека Мила Царовска испраќала дописи до сите општини да обезбедат локации за градење објекти за згрижување мигранти. Не е лажна вест дека советниците на СДС бегаат од дискусија по оваа тема во секоја општина.
Вистина е дека СДС го укинува планираното и најавено покачување на пензиите. СДС им крати по околу 500 денари на пензионер. Наместо по 620 денари месечно колку што обезбедуваше ВМРО-ДПМНЕ, СДС ќе исплати по околу 180. Каде одат другите 500 денари, нема одговор за пензионерите.
Вистина е дека стотици милиони евра исчезнуваат од државната каса. Од девизните резерви стопија преку 170 милиони, а земаа уште 145 милиони евра преку аукции на државни хартии од вредност и никој не знае каде завршија сите овие пари.
Вистина е дека пола Македонија изгоре, додека неспособните министри на Заев одмараа по елитните плажи по светот.
Хаосот и неизвесноста што ги креира неспособната влада на Заев се алармантни.
Народот гледа без разлика на обидите на Зоран Заев да манипулира преку медиумите под негова контрола.
Одговорност мора да има и ќе има! Народот ќе ги казни на изборите на 15-ти октомври!