Неспособната влада на СДС тргна да ја уништува и Спортската академија. Се уште нема никакво објаснување зошто за директор на академијата поставија лице кое нема никаква врска со спортот.

Ова не е кадровска политика туку лотарија за задоволување на внатрепартиските и меѓупартиските интереси на сметка на државата и граѓаните.

Дали следењето спорт на ТВ од страна на професорот по историја, Владимир Лазаревски е главниот адут за да му биде доделена раководната позицијата на спортска институција каде се школуваат и обучуваат идните македонски најдобри спортисти? Дали можеби е докажан ракометар, или пак можеби е докажан кошаркар?

Не знаеме во кој спорт се има докажано, ниту пак знаеме со кој спортски клуб или спортска институција успешно има менаџирано Лазаревски за да биде компетентен да ја води академијата.

Што ли ќе ги советува професор по историја македонските таленти и спортски надежи? Какви совети и насоки може да им даде за да станат подобри спортисти?

Младите македонски спортски надежи заслужуваат да ги води докажан спортист и лице кое може професионално и на високо ниво да ја води академијата. Да сакаа да бидат историчари ќе се запишеа на историја, а не на Спортската академија.

Ваквиот непрофесионален потег на СДС може да ја блокира работата на академијата и со тоа сериозно да се загрози иднината на македонскиот спорт. За ваквото безобразно и срамно однесување на СДС и хаосот кој планираат да го создадат и во македонскиот спорт ќе следи политичка одговорност и за нивните погубни политики на следните локални избори ќе следи казна од граѓаните на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2017 16:05