Ново тениско игралиште, нова фитнес зона и пешачка патека за жителите на Маврово. Проекти од нашата програма, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на повеќе населени места од мавровско-реканскиот крај и регионот на Центар Жупа.

Посетата на Груевски започна со посета на Маврови Анови, а продолжи во Жировница.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на селото Жировница, каде разговарал со мештаните.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека при последната посета било ветено, а сега веќе се користи новиот реконструиран пат до населеното место.

- Изворно ме информираа дека по мојата посета се надминал проблемот со користење на здравствените услуги за луѓето кои доаѓаат во овој крај претежно во летниот период и се на печалба, како и проблемот со издавање на пасоши, иако посочија дека во последниот период наидуваат на опструкции и потешкотии кои мора да се надминат и актуелната Влада мора да се ангажира, напиша Груевски на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2017 16:16