Како и во сите сегменти, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош и во спортот. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на скапи ручеци, луксузни патувања, лажен барок и споменици, препознатливите спортски објекти низ државата скапуваа и се распаѓаа, традиционалните спортови беа доведени на работ на егзистенција, а спортот уназадуваше.

За разлика од таквиот селективен и игнорантски однос на ВМРО-ДПМНЕ кон спортот, Владата на Република Македонија предводена од СДСМ работи на унапредување на спортот и на статусот на спортските работници.

Владата брзо и ефикасно ги реши натрупаните проблеми околу организација на Супер купот на УЕФА и тој се одржа согласно највисоките европски стандарди, а Агенцијата за млади и спорт се отвори за спортските друштва и клубови и ја зголемува ангажираноста на младите. Наместо селективниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предовдена од СДСМ, преку владината програма подеднакво ќе вложува во сите спортски дисциплини и ќе го развива како училишниот, така и полупрофесионалниот и професионалниот спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2017 16:24