Пензионерите на своја кожа повторно ќе почуствуваат што значи доаѓањето на СДС на власт.

СДС и Заев повторно удираат по преку 300.000 пензионери.

СДС и Заев го укинуваат најавеното и планирано покачување на пензиите од 5%.

Тоа е вистинскиот лик на СДС и Заев. Едно ветуваат, а сосема друго прават.

Наместо планираните и предвидени 5%, СДС ќе им даде на пензионерите само по 160 денари.

Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата пензионерите добиваа покачување од 650 денари, а сега СДС им крати околу 500 денари.

СДС го потценува народот и пензионерите.

Срамните се манипулациите на Царовска со кои таа сака да им каже дека треба да бидат среќни затоа што ќе добиеле покачување од 2.400 денари годишно. Пензионерите знаат дека годишно од ВМРО-ДПМНЕ добиваа дополнителни 7.200 денари. Се поставува прашање зошто некој би бил среќен ако му се одземаат скоро 5.000 денари годишно?

Катастрофална е неспособноста на СДС. Граѓаните се сеќаваат на времето кога СДС беше власт и кога просечната пензија беше 7.684 денари, а во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа се покачи на 13.755 денари. Граѓаните се сеќаваат кога само поранешните функционери од редовите на СДС земаа високи пензии, а останатите граѓани едвај склопуваа крај со крај. Сите се сеќаваме и на времето кога пензионерите се молеа навреме да стигне нивната пензија за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога секој први навремено добиваа покачена пензија.

Под власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се донесоа низа мерки и проекти за пензионерите, а како најискористени се банско климатската рекреација, бесплатен викенд за пензионери, бесплатен пρевоз со воз за пензионеρи, 50% попуст за посета во институциите на κултуρата за пензионерите, слободен пρевоз за пензионерите со гρадсκите автобуси и тоа тρи дена во неделата во главниот град.

ВМРО-ДПМНЕ како партија која работи за интересите на граѓаните е сериозно загрижена за финансиските политики со кои се казнува одредена група на граѓани.

Граѓаните препознаваат кој работи за нив, а кој спротивно на нивните интереси. Граѓаните препознаваат кој крати од нивниот леб и ги задолжува за да остварува партиски вработувања и да гради мигрантски кампови.

Неспособната влада на СДС на чело со Зоран Заев не само што не работи во интерес на граѓаните туку работи спротивно од нивните интереси.Токму поради ова овие 300.000 луѓе како и сите граѓани на Македонија на 15-ти октомври ќе ја казнат и делегитимираат владата на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2017 16:26