Денес би сакал да кажам неколку работи на темата незаконско поставување на кадри во Управните одбори, Надзорните одбори, директори на јавни претпријатија и внатре на раководните позиции во државните институции.
Како оди ова поставување од страна на владата на СДС каде што најголемата одговорност и потписник законски за злоупотреба на службената должност ја носи Генералниот секретар на Владата на Република Македонија.
Прво, имаме обемна документација за антидатирано назначување на Управни и Надзорни одбори. Многу Управни и Надзорни одбори пишува, чувале бројчиња дека биле назначени и именувани пред распишувањето на локалните избори. Но имам докази дека истите се избрани и објавени во Службен весник, после распишувањето на локалните избори, што овие Управни и Надзорни одбори ги прави нелегални и нивните дејствија и нивните одлуки за самите институции ги прави нелегални и со тоа ќе носат штетни последици не само институциите туку и тие што на таков начин се поставени на тие позиции.
Втората работа која што во брзањето да ги задоволат апетитите на некои коалициони партнери или за побрза партизација на државата според изјавата на Заев дека ќе менува се од хигиеничар до министер. Гледаме поставување на луѓе со несоодветно образование на чело на многу државни институции каде што законот точно пропишал какво образование и работно искуство е потребно за некој да биде директор, раководител, претседател на Управен одбор или член на Управен надзорен одбор на некоја институција.
И третата работа која што исто така е последователна на овие незаконски именувања на партиски кадри на државните институции се однесува на илјадниците решенија. Во многу институции со незаконско распределување и прераспределување на одредени кадри на повисоко или пониско ниво од незаконски избраните и назначени Управни, Надзорни одбори и од нив именувани директори.
Модусот Операнди, односно начинот на кој што е вршено ова незаконско дејствие е стандарден.
Прво делигитамирањето на институциите се одвивало на ваков начин. Се именуваат и поставуваат луѓе со несоодветно образование. Ги видовме примерите со „Танец“ со градежникот кој што треба да го води овој Ансамбл. Видовме и за Спортската академија поставен историчар кој што треба да го води спортот и за Струшките вечери на поезијата видовме какви несоодветни кадровски избори се направија со несоодветно образование.
Второ се поставуваат Управни и Надзорни одбори со луѓе со несоодветно образование и познавање на проблематиката, а особено загрижува фактот што не се почитуваат законите каде што законски определено од кои институции треба да има членови на Управни и Надзорни одбори во одредени агенции како што е Агенцијата за недвижности и катастар, и како што е Централниот регистар. Таму законот определува од кои институции колку членови треба да бидат претставени во Управниот и Надзорниот одбор. И тука во своето брзање Генералниот секретар на владата оставил за жал незаконски траги зад своето дејание и назначувал, потпишувал заедно со неговиот кум кој што има адвокатска канцеларија, незаконски поставени лица на овие места во Управни и Надзорни одбори.
Сето ова се прави надвор од законски предвидените рокови односно по распишувањето на локалните избори кога де факто не смее да има прераспределувања, смени, именувања и назначувања. Истите овие назначени на незаконски начин Управни, Надзорни одбори почнуваат со партиски чистки, изготвуваат антидатирани решенија за раководители внатре во самите институции и станува збор за илјадници случаи во секое министерство, агенција или дирекција.
Директори, Управни и Надзорни одбори изготвуваат решенија за смени со датум уште пред да бидат тие самите впишани во Регистарот како овластени лица за да го прават тоа.
На 3-ти август наводно се донесени решенија за именувања и разрешувања, а дел од нив после седум дена се објавени во Службен весник.
Ова е еден доказ според кој што се гледа дека некои бројчиња се чувани во Владата на Република Македонија од Генералниот секретар за антидатирање односно да се впише избраниот директор или член на Управен или Надзорен одбор после распишувањето на локалните избори да се впише како да бил избран или именуван пред локалните избори.
Но за сето тоа имаме документација и докази.
Дел од нив не се ни објавени во Службен весник, а препорачани пратки со решенија за разрешување се пратени на 11-ти август до одредени лица кои што се разрешени од одредени позиции и тоа значи далеку после датумот на кој што се распишани локалните избори.
За ваквото незаконско постапување Генералниот секретар на владата Рашковски зад себе за негова жал оставил докази и тие докази ќе бидат употребени против него во рамките на правната процедура и ќе бидат поднесени сите пријави кои што законот ги овозможува.
Ваквиот пример има самоволие и беззаконие го следел и или по препорака на неговиот премиер Заев кој што кажа дека ќе разрешува од хигиеничар до министер или веројатно по брзање на адвокатската канцеларија која што ја води кумот на Генералниот секретар на владата, Рашковски, и кој што за време на викендот на 5-ти и 6-ти август неовластено чувал бројчиња во владината книга за архива и затоа го бркал рокот до 6-ти август колку што може побрзо да назначи членови на Управни и Надзорни одбори во многу државни институции и во тоа брзање направиле многу незаконски дејствија за кои што кривично се одговара.
Законски основи за разрешувања или именувања нема. Сето ова се силни индиции за незаконско дејствување, а за кривична одговорност ќе има и истата ќе постои кога ќе се врати правната држава.
Кои закони се прекршени со ваквите постапки за незаконски именувања на кадровски решенија во Управни и Надзорни одбори и директорски места во агенции, институции. Се крши изборниот законик член 8а, се крши законот за спречување на корупцијата член 16 и се крши кривичниот закон член 353 за злоупотреба на службена положба и затоа секој ќе сноси одговорност.
Сите носители на јавни функции кои не ги исполнуваат пропишаните законски услови ги повикуваме за нивно добро да си поднесат оставка. Бидејќи тие самите знаат и треба да се свесни дека нивниот избор е незаконски и дека подлежат на кривична одговорност за сите дејствија кои што сега или во иднина ќе ги преземат како незаконски избрани функционери во Управни и Надзорни одбори или на директорски позиции.
И не само тоа туку последици ќе има и самата институција, и граѓаните бидејќи со секој незаконски избор на Управен одбор, на Надзорен одбор или на директор на одредена агенција или државна институција се доведува во прашање на легитимноста на донесените акти и одлуки на таа институција која што има незаконски поставен Управен одбор или директор.
И затоа сметаме дека најдобро е во најкраток можен рок овие незаконски поставени лица да си поднесат оставка за секој случај ние ја имаме спремено нашата документација и секој ден што ја поседуваме понатаму ќе биде преточена во постапки пред надлежните обвинителства и судските органи за сето ова да добие правна разрешница.