Граѓаните 11 години сведочеа како нивните пари завршуваа во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, како нивните пари се трошеа на скапи ручеци, на барокни фасади, панорамски тркала и споменици, додека мнозинството граѓани живееше во сиромаштија и долгови. Затоа денес целата јавност се потсмева кога ВМРО-ДПМНЕ прашува каде се трошат парите на граѓаните.

За разлика од претходно, парите на граѓаните веќе не се трошат за криминално богатење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, туку тие се користат за продуктивни цели и за квалитетен живот за сите граѓани.

Опозициската партија не може да се помири со фактот дека наместо парите на граѓаните да завршуваат на контото на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тие, сега се користат за повисока минимална плата, поголема помош за стопанството, повисоки пензии и за трајно решавање на деценискиот проблем со стечајните работници.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2017 14:13