Зоран Заев - тежок криминалец, два пати аболициран. Еднаш за криминал од 8 милиони евра за „Глобал“ од страна на Бранко Црвенковски. Втор пат за случајот „Пуч“. Во моментов е обвинет за земање поткуп од 200.000 евра за Вицето. Цела јавност го виде како бесрамно бара пари „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.
Самка Ибраимоски - политичар без никакви успеси во својата политичка кариера. Позади него има голем скандал, во 2011-та година тој за да купи гласови за СДС од Ромите, им даваше расипано месо. Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која е сместен изборен штаб на СДС.
Рамиз Мерко - осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик. Мерко на градоначалничката функција го замени Зијадин Села, сегашниот коалиционен партнер во новата влада, кој го обвинуваше дека кога го водел градот ја злоупотребил службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет, со што го оштетил буџетот на општината за над 70.000 евра.
Радмила Шекеринска - запаметена по бонбона бизнисот со продажбата на ЕСМ, сметката за таквиот бизнис, граѓаните на Република Македонија ја плаќаат и денес. Згора на сето тоа Шекеринска сама на себе си изнајмуваше станови.
Списокот е долг. Од Чауши, преку Хаџибуличи па се до Соколи. Сите соработници на Заев се бирани за да одговараат на криминалниот карактер на партијата. Колку поголем криминалец, толку повисока функција. Тоа е денес СДС криминална.
Залудно преку некои неаргументирани пресуди СДС се обидува од заплашените судии да добие ветар во грб и да ја манипулира јавноста дека сите се исти.
Не се сите исти. Прочитајте што вели вашиот Шиповиќ за вашиот Жерновски.
Граѓаните ќе ја казнат СДС криминална на 15-ти октомври.