Корупцијата, расипништвото, деструкцијата и криминалното богатење на сметка на осиромашените граѓани се најголемиот отчет за сработеното на ВМРО-ДПНЕ како на централна така и на локална власт.
Доказ за тоа се и пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој е осуден бидејќи работел на штета на Општината и граѓаните, како и пресудата за Александар Панов кој бесрамно за време на кампања со црни пари купувал гласови. Доказ за тоа е и покренатиот случај „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство во кој градоначалникот на Битола Владимир Талевски е првообвинет за криминал тежок 360 000 евра, пари на граѓаните.
Ова е само мал дел од отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои доследно го следеле примерот на нивниот лидер Никола Груевски и раководството на партијата и криминално работеле и се богателе на штета на осиромашените граѓани.
Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни отчети и празни обвинувања да го одбранат криминалот во сопствените редови. Никој повеќе не може да ги лаже, уценува, поткупува и заплашува граѓаните. Граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу нечесното, деструктивно и коруптивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ. Затоа, на локалните избори, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со политичка, а оние кои работеле незаконски и со правна одговорност.