Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да ги мине претквалификациите за Светското првенство 2019 откако во последниот натпревар во рамки на групната фаза, Косово синоќа ја совлада Естонија.

На „црвено-жолтите“ не им одговараше победа на домаќинот, Естонците беа блиску до триумф, бидејќи на две минути до крајот водеа со 67:64, но Косово со серија од 11:2 стигна до триумф од 75:69.

Со тоа, македонската селекција е третопласирана во групата Ц, зад првопласираната Естонија и Косово и не обезбедува пласман во квалификациите за СП.

Ждребот за последните осум места во групите за квалификациите за СП 2019 ќе биде одржан в четврток (24 август).



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2017 17:21