Градоначалничката на Тетово Теута Арифи одржа прес - конференција околу еден час по завршувањето на денешните протести на граѓаните пред зградата на општина Тетово поради несправувањето на локалната власт со последиците од запалената дива депонија на влезот во градот. Таа изјавата ја даде на исчистениот простор пред општината каде демонстранитет претходно донесоа кеси и контејнер со ѓубре, а врз влезната врата фраа со јајца.

Арифи посочи дека состојбата со пожарот што избувна вчера на претоварната станица е ставена под контрола и ги повтори сите досегашни заложби и преземени мерки на локалната самоуправа за решавање на повеќедеценискиот проблем со третманот на сметот во градот.

- За овие четири години ние интезивно работевме на долгорочно решавање и веќе завршивме финасирање и со изградба на една нова претоварна станица, при крај сме со изградбата на станицата за селектирање на отпадот, а по добиените средства од Владата за чистење и дислокација на отпадот од претоварната станица на влезот во градот. Сакавме на овој начин да ги завршиме сите потребни процедури. Меѓутоа многу е симптоматично што откако сите овие чекори беа направени и откако се знаеше дека со овие активности треба да се започне од почетокот на оваа недела се случи вчерашниот пожар за што ние имаме определени индикации кој го подметнал и тоа ќе го доставиме до надлежните органи за тие да ги најдат вистинските сторители како што ние ги изнајдовме решенијата за овој проблем. Секој што сака да прави политика и политички спектакал од овој и дриги децениски проблеми на граѓаните апсолутно го избрал погрешниот пат и мислам дека граѓаните ќе го ценат тоа најдобро, рече Арифи.

За Арифи, локалната власт презела повеќе мерки што биле во полза на граѓаните како водоводот, мерките и препораките за справување со загадувањето, финасирањето на двете станици за третман на сметот што не биде поддржаби од една политичка групација во Советот на општината. Според Арифи и денешниот протест имал политичка заднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2017 00:14