Неспособноста на Социјалдемократскиот сојуз за управување на државата не можат да ја покријат ниту 13 советници кои ги најми Зоран Заев. Особено не кога ни тие самите не поседуваат квалитети кои би биле од корист на граѓаните на Република Македонија. На сите им е познат матниот бизнис модел по кој Зоран Заев ги водеше своите фирми, а денес ја води нашата држава.
Зоран Заев е човек кој го исплаќа долгот кон своите партиски пајташи на грбот на државата односно на сметка на граѓаните. Башановиќ, Цветанка Ласкова, Исмет Рамадани и ред други единствено нешто кое ги поврзува не се личните квалитети туку долгот кој Зоран Заев го има кон нив. Матни ликови, потпросечни уметници и претставници од квази невладини организации станаа дел од владата и се платени директно од џебот на граѓаните.
9 милиони денари годишно, потенцирам да добро слушнавте 9 милиони денари годишно, вкупно ќе земаат оваа дузина на луѓе кои наводно ќе го советуваат Зоран Заев за доброто на граѓаните.
Па добро каде досега беа овие луѓе да го посоветуваат Зоран Заев за пожарите на депониите во неколку градови кои ја трујат целата Република Македонија. Каде беа овие луѓе досега да го посоветуваат Зоран Заев како да ја спречи еколошката катастрофа со шумските пожари кои уништија непроценливо природно богатство во целата држава. Дали овие луѓе излегле на терен и ги запрашале граѓаните за реалните проблеми кои ги имаат и со кои секојдневно се соочуваат или можеби уживаат на плажите во соседството со парите кои ги добиваат од џебот на граѓаните.
Плата од 2.000 евра земаат клептомани како Башановиќ кој доби македонско државјанство само за да може да цица пари од државната каса. Неодговорноста на Заев во управувањето со државните пари несомнено ќе предизвика економска катастрофа, а пак неспособноста на овие луѓе се покажа во изминатиот период во катастрофалното справување на владата со проблемите со кои се соочува нашата држава.
Единствената надеж за спречување на тотален крах на државата предизвикан од неспособноста на оваа влада за граѓаните лежи во шансата која им се дава на локалните избори на 15-ти октомври да ја делегитимираат оваа пат и мат влада. Пат и мат влада која и се потребни месец дена да го угаси пожарот во струшката депонијa. Пат и мат влада која учи да плива додека гори целата држава. Влада која сите позитивни проекти кои ги отпочна или планираше да ги започне ВМРО-ДПМНЕ ги запре на штета на граѓаните на нашата држава.