Министерот за задолжување Драган Тевдовски за нешто повеќе од 2 месеци ја задолжи Република Македонија и граѓаните за стотици милиони евра. Пари од девизните резерви и парите од аукциите по основ на издадени хартии од вредност, исчезнаа. Никој не знае каде! Волшебно. Сега ги има, после ги нема.
Постојано се распишуваат нови аукции за државни хартии од вредност, а граѓаните не гледаат никаков бенефит од се поголемото задолжување. Волшебниците на СДС успеваат само да направат парите да исчезнат.
Министерот за задолжување Тевдовски досега има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра. Згора на тоа, според податоците што ги објавува НБРМ, девизните резерви на Република Македонија споредено 31 јули и 31 мај се намалени од салдо 366,3 милиони евра на 189,3 милиони евра. Цели 177 милиони евра недостасуваат за нецели 2 месеци.
Граѓаните на Република Македонија не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на криминалците од СДС и нивните добро платени советници од Сорос и платеничката шарена револуција.
Јавноста гледа дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти туку се трошат за луксузирањата на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат.
Неспособната влада на СДС ствара само хаос и неизвесност. Едно зборуваат пред избори, а друго прават кога се на власт. Затоа одговорност мора да има и ќе има. СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност.