Владата на СДС се што вети на народот погази.

Единствено што им успева е континуирано да ја заглавуваат државата и граѓаните во долгови.

Секој ден министерот за задолжување распишува аукции на државни хартии од вредност, а никаков бенефит од тоа граѓаните на Република Македонија не гледаат и немаат.

Граѓаните од оваа влада за неполни 3 месеци од реформи видоа само долгови.

Министерот за задолжување Тевдовски досега ја има задолжено Република Македонија со 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и издадени државни хартии од вредност. Волшебниците од СДС, за овие 80-тина дена на дневно ниво ја задолжуваат државата за речиси 4.175.000 евра. Благодарение на нивнито неодговорно работење, овие пари испаруваат.

Волшебниците од СДС, на секој час ја задолжуваат државата за речиси 173.958 евра.

Волшебниците од СДС, секоја минута ја задолжуваат државата за речиси 2.899 евра.

Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари.

Како успеваат волшебниците на СДС за такa кратко време да исчезнат сите овие милиони? СДС креира само хаос и неизвесност.

Поради непосветеноста и негрижата СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичката одговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2017 14:45