СДС ја исцеди државната каса. Заради неспособноста на Заев и тесната група околу него се заканува крах на буџетот. Затоа само по основ на повлечени девизни резерви и издадени државни хартии од вредност периодов ја уништија фискалната моќ на државата. Се испозадолжија, а пари нема ниту за ветеното покачување на пензиите, ниту за просечна плата од 30.000 денари.

Затоа има најави за зголемување на горната граница за пензионирање и качување на даноците.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија беше земја со најниски даноци, а УЈП драстично ја намали даночната евазија. Буџетот на државата беше во добра кондиција и даноците се собираа согласно предвидената динамика.

Сите вработени во УЈП кои беа откривани дека несовесно ја вршат својата работа беа законски санкционирани.

СДС треба веднаш да ги казни тие што не работеле согласно прописите.

Оправдување за хаосот и неизвесноста во кои што СДС ја турка државата нема и не може да има. Одговорност за несовесното работење на функционерите мора да има и ќе има!

Првата пресуда ќе биде изречена од народот на 15-ти октомври.

Кога ќе се врати правната држава ќе следува и индивидуална кривична одговорност за сите незаконски дејанија и манипулации.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2017 14:49