Во поголемиот број на општини е потребно зголемување на капацитетите или отварање на нови градинки. Наместо министерството за труд и социјална политика популистички да најавува втора смена, треба да се предвидат средства за отварање на нови капацитети или проширување на постоечките.
Намерата да се отвара втора смена со постоечкиот кадар ќе ги преполови сегашните капацитети. Доколку во една градинка преку ден се згрижувале 200 деца, со мерката што планира да ја реализира СДС, во градинката ќе може да се згрижат само 100 бидејќи половина од персоналот ќе биде прераспореден во втора смена.
СДС наместо да размисли како да го реши суштински проблемот за отварање на нови капацитети, со одлуката за двосменско работење во градинките, турка гол популизам. СДС ризикува да го оптовари системот за згрижување на најмладите, децата на предучилишна возраст.
Оваа мерка ќе ги зголеми трошоците, а во ребалансот на буџетот за 2017 не се предвидени средства од страна на СДС.
Очигледно министерката Мила Царовска се грижи повеќе за стратегиите за мигрантите одколку за згрижување на децата од предучилишна возраст.
Својствено за СДС е едно да говорат, а друго да спроведуваат. Без да притоа направат соодветен план и анализа. Во минатото, пред 2006 година немаа отворено ниту една градинка, а сега најавуваат површни решенија со кои ризикуваат да го загрозат системот за згрижување на деца во предучилишна возраст. Никој не знае во кои градинки ќе се воведе двосменското работење и колку ќе чини тоа?
Со двосменското работење на градинките следствено ќе треба да се вработи дополнителен персонал кој ќе може да ги опслужува овие установи, а со тоа се зголемуваат трошоците без притоа да се зголемат сместувачките капацитети. Во моментов има потреба од поголеми капацитети што се реално барање од родителите во местата каде такви капацитети воопшто нема.
Според анкетата која ја спроведе министерството за труд и социјална политика, се покажа дека не постои интерес за воведување на втора смена. Од вкупно 54 општини во кои има 65 градинки само 4 покажале интерес за двосменско работење што е само 7% од вкупниот број на градинки.
СДС сега ја има одговорноста да ја води државата и да ги решава проблемите на граѓаните. СДС го нема веќе луксузот да глуми опозиција и да се занимава со популизам. СДС мора да отпочне со изградба на нови градинки и да ги проширува капацитетите на постојните. Се друго е манипулација на граѓаните.
Граѓаните го гледаат тоа и на 15-ти октомври ќе го казнат СДС за неодговорното и непрофесионално работење.