Најеклатантен и пластичен пример од политичко-правното цунами на СДС и Заев кое ги зафати сите институции е именувањето на членовите на Управниот одбор во Агенцијата за катастар на недвижности.

Имено владата на СДС покрај тоа што не го почитувала членот 9 од Законот за катастар на недвижности согласно кој Управниот одбор треба да биде сочинет со преставници од Министерството за правда, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделие, има донесено дури три различни решенија за именување на членови на Управниот одбор на катастарот со ист датум на донесување но со различен архивски број и притоа ниту, второто решение, ниту третото решение донесено за иста работа, не го поништува предходното донесено решение.

Правен преседан од невиден калибар. Владеењето на правото и правната држава се на колена!

Да, да добро слушнавте,

Повторуваме дури три различни решенија од ист датум, со различен архивски број, и со различни луѓе за членови на Упарвниот одбор на катастарот.

Првото решение за именување на членови на Управен одбор во катастарот го донесува заменик претседателот на влада, госпоѓата Радмила Шекеринска, носи архивски број 24-4340/1 со датум 03.08.2017 година каде владата именува 4 лица во новиот управен одбор на катастарот.

Во ист ден на 03.08.2017 година со архивски број 44-17/19 најверојатно поради брзање и неможност да ги договорат и поделат внатрепартиските и меѓупартиските кадровски прашања, Генералниот секретар на влада, Драги Рашковски, информира за донесена одлука на владата за назначување на нови членови на Управниот одбор на Катастарот, но со различни лица од предходното решение кое го донела Шекеринска.

За да правниот преседан биде уште поголем имаме со ист датум односно 03.08.2017 но со различен архивски број 24-4880/1 и трето различно решение за именување на членови на Управниот во Агенцијата за катастар на недвижности кое е потпишано од Зоран Заев и е објавено во Службен весник на Република Македонија.

Како е можно во еден ист ден да се донесат три решенија за именување на членови на Управен одбор во катастарот заведени со различни архивски броеви, потпишани поединечно од Шекеринска, Рашковски и Заев, со различни луѓе именувани за членови на Управниот одбор во секое наредно решение?

ВМРО-ДПМНЕ прашува кое од наведените три решенија е правно валидно, односно кое од наведените решенија е на сила, ако ниту во второто ниту во третото решение не го става вон сила предходното.

Уште колку броеви во Деловодната книга на владата се чуваат резервирани за да може владата да именува и разрешува функционери после 6 август 2017 кога Изборниот Законик изрично тоа го забранува.

Оваа е само еден од примерите за незаконското работење на СДС.

Донесувањето на незаконски антидатирани решенија се секојдневна пракса на функционерите на СДС.

Илјадници решенија се поделени во сите институции на незаконски начин, нема институција која не е погодена од ваквото насилничко и незаконско работење на Заев и кадровиците на СДС.

Се разрешуваат надвор од сите законски процедури компетентни и квалитетни кадри, а за директори и раководители на институции се поставуваат луѓе со средно образование и без никакво искуство и компетенции за местото за кое треба да раководат.

За оваа одговорност мора да има и ќе има. СДС и Заев наместо професионализација и реформирање на институциите како што ветуваа, направија тотална партизација во институциите. Со ваквото незаконско работење, СДС го доведе во прашање легитимитетот во носење на одлуки на овие државни органи и тотално ги парализираше.

СДС донесе целосна парализа и нефункционалност во системот.

Сите одлуки на незаконски поставените партиски кадри во иднина можат да бидат оспорени, а сметката за тоа за жал ќе ја платат граѓаните. Откако ќе се врати правната држава, секој поединец индивидуално ќе одговара за прекршувањето на законите.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е најдобро незаконски именуваните и поставени лица во најкраток можен рок да си поднесат оставка. Како што тоа го направија досега двајца. Казната од граѓаните за беззаконието на СДС ќе стигне на предстојните локални избори, каде убедливо ќе бидат поразени.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/08/2017 16:08