ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести шири манипулации за реализираните аукции на домашниот пазар на хартии од вредност и за девизните резерви.
Неиздржани се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за некакво наводно намалување на девизните резерви. Станува збор за редовна пракса на плаќање од единствената државна сметка на доспеани рати за кредити, камати и стари долгови направени токму од претходната власт.
Тоа што граѓаните го очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ е сериозност а не ширење лажни вести.
Единствената закана по Буџетот и економијата беа криминалните политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои за свои криминални цели неконтролирано ги задолжуваа граѓаните и го издигнаа јавниот долг на ниво од над 50%.
Владата предводена од СДСМ работи на стабилизација на јавниот долг, на ефкасно управување со јавните финансии и во тој контекст долгот се намалува за прв пат после неколку години, обезбедени се финансиски средства за покачувањето на минималната плата на 12.000 денари, вратени се 3.9 милијарди денари по основ на ДДВ кон фирмите и стопанството, обезбедени се средства за покачување на пензиите согласно трошоците за живот, односно 2.160 денари годинава повеќе за секој пензионер.