Заврши времето во кое претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваше домашните фирми и ги ставаше во подредена положба на странските инвеститори.
Со изгласаниот ребаланс на буџетот се става крај на оваа неправда што значи дека домашните инвеститори ќе ги добијат истите услови и поволности за инвестирање што важеа и за странските инвеститори.
Секој инвеститор којшто планира нова инвестиција во земјава, без разлика дали е домашен или странски ќе добие од државата поволности и олеснувања во вид на ослободување од плаќање на даноци, помош при изградба на инфраструктура, директна финансиска помош за нови работни места, поедноставени административни процедури, државна помош за користење на суровини и материјали од домашно потекло.
За таа цел, инвеститорите ќе имаат можност да се одлучат помеѓу неколку различи пакети или т.н менија кои ќе нудат поволности во зависност од видот и големината на инвестицијата.
Со ребалансот на буџетот издвоени се вкупно 135 милиони денари до крајот на годината за поддршка на малите и средни претпријатија и домашните гринфилд инвестиции.
За разлика од свесното и смислено уништување на домашното стопанство од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ заради нечии бизнис интереси, владата предводена од СДСМ работи како сервис и партнер на домашните фирми.