Интегрален текст од изјава за медиуми на Горан Богдановски, советник во Општина Центар

Жерновски и СДС ја втурнаа Општина Центар во вистински хаос. Жерновски и СДС пред 4 години ги манипулираа и ги доведоа во заблуда граѓаните на Центар ветувајќи се и сешто, за сега 4 години подоцна најголем дел од ветувањата да не бидат реализирани.

Жерновски и СДС пред 4 години им ветија на центарци два монтажни паркинзи, едниот во Капиштец на улица Козара, другиот кај Југодрво, помина мандатот на Жерновски и СДС во Центар, а ниту еден од двата паркинзи не е направен.

Жерновски мислејќи дека манипулациите кои му успееја пред 4 години ќе му успеат повторно, вчера се обиде да ги изманипулира жителите на Дебар Маало, ветувајќи дека тука на местото позади нас ќе направи монтажен паркинг, со кој ќе се обезбеди место за 270 до 290 возила.

Дебармаалци знаат дека монтажниот паркинг е уште едно неговорење на вистината на Жерновски и СДС, која претставува обид за манипулација на граѓаните пред изборите.

Жителите на Дебар Маало знаат доколку Жерновски се грижеше за нив, немаше да чека 4 години, за да почне да ветува нешто кое би го направил, туку истото одамна ќе го направеше.

Центарци видоа дека од се што ветија Жерновски и СДС најголемиот дел не е реализирано. Центарци видоа како се однесува СДС кој кога еднаш ќе ја добие довербата од граѓаните на нив заборава во наредните 4 години.

Граѓаните на Центар знаат дека од ветувањата на Жерновски и СДС, најголемиот дел ветувања никогаш нема да се реализираат, а ветувањата се само со цел за да добијат гласови на избори.

Центарци видоа дека најголемиот дел што доаѓа од СДС е едно големо неговорење на вистината. Центарци на 15-ти октомври ќе им кажат не на Жерновски и СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2017 17:43